Ковачевски на работен ручек на високo ниво на Светскиот eкономски форум
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, учествуваше на работен ручек со светската бизнис и политичка елита, во организација на Светскиот економски форум во Њујорк. На собирот учествуваа високи претставници на политичко ниво од земјите од Г7, Европа, Азија и регионот, како и на водечки светски мултинационални компании, меѓу кои на Амазон, Мастеркард и други.
На ручекот се разговараше за начините за зајакнување на основната доверба неопходна за унапредување на заедничката глобална агенда во сегашниот предизвикувачки геополитички контекст, во којшто е потребно да се одржи и постигне напредок за критичните економски, еколошки и општествени приоритети.
На ручекот, премиерот Ковачевски оствари повеќе значајни контакти во насока на воспоставување или продолжување економска соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…