Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум
Во словенечки Блед привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски.
Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Словенија, Роберт Голоб на која ќе учествува и премиерот Ковачевски.
Како што е најавено, тој ќе оствари и билатерална средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Како што јави известувачот на МИА од Блед, се очекува на средбата да стане збор, меѓу другото, и за актуелната состојба во земјата во контекст на уставните измени.
Ковачевски утре ќе се обрати на лидерскиот форум а потоа се очекува да има билатерлани средби со специјалните претставници за Западен Балкан на ЕУ Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство сер Стјуарт Пич, како и други.
Премиерот Ковачевски на активностите ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така ќе имаат обраќања на некој од панелите на Форумот.
Претпладнево на сесија пред форумот посветена на „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“ зборуваше министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.“
Целта на собирот, што се одржува на 28 и на 29 август, е на учесници од различни области да им овозможи за размена на мислења и идеи за решавање на актуелните и предизвиците на иднината особено по војната во Украина, Ковид кризата, предизвиците со обезбедување храна, климатските промени…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…