Ковачевски нема легитимитет да биде премиер: Села бара предвремени избори

t

Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е недостигот на легитимитет на власта, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека 2021 е година на скандали на Владата и тие како опозиција секогаш се тука за да прават се за да падне власта.

– Главните актери во власта немаат легитимитет. Ковачевски нема легитимитет, бидејќи тој што победи на изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да може да биде мандатар за формирање Влада. Зборот на Заев е даден пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај ако може или да распише избори. Али Ахмети и ДУИ, исто така, немаат легитимитет да бидат дел од таа власт. Дојдоа со ветувањето дека ќе има премиер Албанец, а сега по втор пат гласаат премиер Македонец. Зошто не го гласа Насер Зибери, сега е моментот. Политичката партија која во првите 100 дена не ги исполнува дадените ветувања, од тој момент го губи легитимитетот. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет, бидејќи имаат добиено гласови заедно со Села и Алијансата за да донесат промена во албанското општество и да ја пратат ДУИ во опозиција, рече Села.

Според него, треба да се формира преодна Владата, која од институциите ќе ги искорени партиските службеници, кои се таму за да придржуваат криминалци, за да заплашуваат граѓани и да купуваат гласови, и по една години, во октомври, да се одржат избори.

– Целта е за оваа една година граѓаните бидат ослободени и слободно да ја искажат нивната волја со глас за која политичка партија сакаат, истакна Села.

Одговарајќи на новинарско прашање за коалицијата на Алијансата за Албанците со ВМРО-ДПМНЕ на локано ниво, односно за Скопје, Села посочи дека се уште траат преговорите за тоа кои сектори во Град Скопје ќе ги водат кадри на неговата партија.

– До овој момент Алијансата за Албанците ќе предводи со две директорски места и три заменици директори. Воедно и директорски места во средни училишта. Алијанса за Албанците ќе се грижи да се зачува нивото на застапеноста на Албанците на Скопје и да се унапреди, посочи Села.

Тој најави дека фамозниот проект ветен од страна на поранешниот градоначалникот за експресна автобуска линија до Порта Влае, ќе продолжи до Сарај.

– Дел од предговорот беше и да се решат имотно правните работи и надоместокот на неколку жителите на село Рашче, од каде цело Скопје се снабдува со вода. Шпекулации се најавите дека албанските населените места се исклучени од инвестициите, изјави Села, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Ахмети дека во преговорите што ги водел „се откажал од половина власт, само да ја зачува власта во Скопје“.

Села оцени и дека во земјава функционира половична демократија и дека сегашната власт е слична на режимот кој падна во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…