Ковачевски не одговара дали РЕК Битола целосно ќе се осамостои и нема да ангажира надворешни компании за ископ на јаглен
После 15 години набавивме сопствена механизација, и за оваа година има предвидена набавка од над 20 милиони евра за набавка на јаглен, вели директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски во гостување во Канал 5 телезивија.
– Цената на јаглен во РЕК Битола е намалена бидејќи е намален ангажманот на надворешни компании за ископ на јаглен, разликата ја прави намалената калорична вредност на јагленот.
Тие пари не се дадени за механизација саму, таму 70% учествува горивото, ние ако купиме механизација и ние ќе купуваме гориво, ќе има режиски трошоци.
Најодговорно се врши контрола на секоја позиција и работна единица, за секој ангажман на возило има записници, таму с епотпишуваат десетина луѓе. Може да ги прашате вработените во РЕК Битола, кога мислиме дека енајлабаво за викенд јас сум во РЕК Битола и ја следам работата.
Може да ви покажеме како личел рудникот во 2018. година, како личи денес, странски експерти кажуваат дека после 15 години рудникот личи на рудник.
Со овие набавки од 100 милиони евра ќе треба да се троши и гориво и плати за вработени, вели Ковачевски кој не одговори јасно дали РЕК Битола целосно ќе се осамостои и нема да ангажира надворешни компании за ископ на јаглен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…