Ковачевски: Од Илинден до денес ништо не е лесно, нема лесен пат до вредна цел
За да паметиме, за да знаеме кои сме, од кога сме! И најважно, за да знаеме каде и како треба да одиме во иднината, порача вечерва од Крушево премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“, по повод големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден.
-Вечерва, сите ние тука на Гумење, пред импозантниот Македониум, одбележуваме 120 години од еден од најважните датуми, еден од централните моменти во нашта вековна историја. 120 години од почетокот на Илинденското Востание кое во нас остави неизбришлив печат, 120 години од моментот кога во илинденско Крушево е распламтена вербата дека борбата за македонската државност – вреди. Распламтена е слободарската, демократска и прогресивна идеја за автономна македонска држава, дом, огниште за сите, рече Ковачевски.
Тој истакна дека вечерва се сеќаваме, ги спомнуваме и оддаваме длабока почит на нашите основачи, на нашите херои, на нашите револуционери, на нивната борба, нивната жртва, на радоста од формирањето на Крушевската Република.
-Тие се наша историја, но и наша сегашност! Тие ќе бидат и нашата иднина! Ја паметиме и славиме визијата и идеологијата на Гоце Делчев, борбата за правда на Јане Сандански, херојството на Даме Груев, држатворноста на Никола Карев, херојството и саможртвата на Питу Гули! Нивните идеали биле патоказ за Мирче Ацев, Стив Наумов, за Брашнаров, Главинов, Влахов, Рацин, Шабани, Карпош, Паликуќа и за други знајни и незнајни херои, на кои денес се поклонувме, истакна премиерот.
Свесен сум, свесни сме, додаде меѓудругото Ковачевски, дека како и во минатото, така и сега, отпор, и внатрешен и надворешен има и ќе има.
-Но, тој ќе биде поразен ако имаме фокус, енергија и самодоверба! Како што ја имале илинденците и асномците!
А за разлика од минатото, денешната независна и самостојна држава има многу пријатели и сојузници! Има голем број на подржувачи! Таа е дел од европското и светското семејство на нации и држави, на рамноправен начин. Затоа што ние од изолирана држава, по цела деценија, со мудри и храбри одлуки, успеавме да ја обновиме и засилиме меѓународната поддршка, како никогаш досега, рече Ковачевски.
На темелите на Крушевската Република, продолжи премиерот, на темелите на асномската Република Македонија, на современата и независна Република Македонија, на денешната европска Република Македонија, Ве повикувам заедно да го направиме следниот чекор, да успееме и повторно да победиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…
Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…
Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…
Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…
Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…