Ковачевски од Тетово: Владата подготвува нови антикризни мерки

t

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.

– Министерството за финансии и во моментов, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки и штом ќе бидат готови ќе бидат презентирани пред јавноста, изјави Ковачевски.

Потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе започна дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија.

– И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот многу јасно кажавме и тоа е веќе ставено во ребалансираниот Буџет. Предвидени се 76 милиони евра. Започна дијалогот со стопанските комори во однос на дефинирање на мерките, пред се, во однос на снабдувањето со електрична енергија. Исто така првите одлуки се донесоа и во однос на обезбедувањето на топлинска енергија за Градот Скопје, како и на електрична енергија за сите граѓани и компании во државата. Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа. Тоа јас го кажував уште во мај, но сите се уверивте и со изјавите на сите премиери од регионот, но и од Европа. Тие антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.

Премиерот потсети дека Македонија стопроцентно се обезбедува со гас од Русија и затоа ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори.

-Затоа ресорните министри веќе работат заедно со соседните држави за тоа. Доколку се јават недостатоци на електрична енергија на европскиот континент исто така вече сме во разговори и со ЕК за обезбедување на електрична енергија. Компаниите од електроенергетскиот сектор веќе работат на обезбеудвање на потребната ликвидност како и на потребните суровини за непречено производство на електрична енергија, рече премиерот Ковачевски, кој беше на почетокот на кампањата за изборите за членови на совет на Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…