Ковачевски од Њујорк: Со заштита на македонскиот јазик го заштитуваме нашиот идентитет

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на САД, се обрати на прием по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот:

„Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија. Знае професорот Малески којшто е тука и амбасадорот Фрчковски какви се предизвици имавме и имале и какви јас имав во делот на преговорите на практично внесување на македонскиот јазик во ОН потоа во НАТО, финално во јазиците на ЕУ, меѓутоа со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, македонскиот јазик се издигна на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија.

Тоа е практично прв договор кој е потпишан на сите јазици во ЕУ и на македонски јазик и одобрен од сите членки на ЕУ вклучително Грција и Бугарија.

Со заштитата на македонскиот јазик го заштитивме и нашиот идентитет, нашата култура и ги втемеливме како дел од мозаикот на европските јазици и европската разноликост. Македонскиот јазик го обликува нашиот идентитет, нашето културно наследство, па затоа нашиот услов од кој не отстапивме пред почетокот на преговорите беше македонскиот јазик да биде службен и единствен официјален јазик. Историски успех е што на македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. За идентитетот и јазикот не постојат фусноти, додавки, објаснувања, ѕвездички – македонски јазик е македонски јазик!

Јазикот е коренот од кој растеме. Тој е нашиот столб на образованието, културата, на нашата национална смисла. Со тоа што го заштитивме јазикот, ја заштитивме и суштината на нашето постоење“, вели, меѓу другото, премиерот на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…