Ковачевски оствари средби со Шарл Мишел, Макрон и Де Кру
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру.
Ковачевски на фејсбук објави дека имал срдечна средба со Шарл Мишел, како што наведува „голем пријател и поддржувач во нашата стратешка определба за полноправното членство на Македонија во Европската Унија“.
– Нашите меѓународни партнери и поддржувачи го препознаваат напредокот на нашата држава. Во Македонија гледаат сериозен партнер кој се залага за демократија, слобода, мир и негување добрососедски односи.
Европска перспектива на нашата земја е неповратен процес во кој имаме поддршка од нашите европски пријатели, пишува Ковачевски.
За средбата со Макрон, пак, истакнува дека со францускиот претседател го споделиле оптимизмот за што побрзо членство на Македонија во Европската Унија и за брз реформски процес.

– Во наш интерес е влијателни лидери како што е францускиот претседател да ни бидат поддршка на нашиот пат кон ЕУ, вели Ковачевски.
Пред отворањето на Самитот, тој имал средба и со белгискиот премиер Де Кру.
– Драго ми е што Белгија дава огромна поддршка за нашиот европски пат и секако за нашата заложба за реформи. Нашата добрососедска политика со земјите од регионот е добар пример и поздравена и од Белгија, пишува во објавата на ФБ премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…