Ковачевски остро: Радев треба повеќе да се занимава со реформите во неговата земја!

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му порача на претседателот на Бугарија, Румен Радев дека треба повеќе да обрне внимание на реформите во неговата земја.

„Македонија има многу јасни позиции во рамки на ЕУ и НАТО. Ние сме држава која што 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со Унијата и која што рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО. Ние секоја година имаме европски извештаи во однос на напредокот на реформите, така што сметам дека претседателот на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе“, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Радев денеска од Софија изјави дека „Македонија лобирала по европските институции за да го скрие недостатокот на реформи кај нас“.

„Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Македонија не се засноваат на лобирање, што го крие недостатокот на реформи и длабокото кршење на човековите права“, изјави Радев на прашањето да ја прокоментира резолуцијата на германскиот Бундестаг, со која недвосмислено се потврди македонскиот идентитет, јазик и култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…