Ковачевски: Повторно ќе бидам премиер!

t

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, говореше и за претстојните избори претседателски и парламетарни и истакна дека во државата ќе има редовни избори, после 17 години.

На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на Република  Македонија и Влада со кои што Република Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ – рече Ковачевски.

Јас ви кажувам дека во следниот мандат ќе биде влезот во ЕУ, до 2028та година, додаде тој.

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски подвлече дека верува во остварување на зацртаните цели и работи тие да се остварат.

Минатата година постојано ме прашуваа дали ќе добиеме преговарачка рамка и сите беа скептици дека ќе добиеме. Јас велев дека верувам во остварување на целта и направив таа цел да се оствари. И ние добивме преговарачка рамка. Направивме успешен скрининг процес кој што завршува, дополнително идната недела е Европскиот совет. Заклучоците на Европскиот совет ќе бидат дека  Македонија направи успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка и да продолжиме со отварањето на поглавјето – рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…