Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност за промоција на државата
“Македонија треба да е горда на своето претседавање со ОБСЕ, се работи за најголемата безбедносна и политичка организација во Европа меѓутоа и во светот бидејќи членуваат и САД и други држави вон континентот. Ова е одлична можност за промоција на државата, ова е одлична можност за понатамошно политичко етаблирање која е независна 32 години“ рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека ова е одлична можност да се покажеме како домаќини така како што сме покажале и во други прилики како на пример при преговорите на Косово и Србија, кои се одвиваа во Охрид.
„Македонија направи се што беше потребно за присуство на сите делегации, во координација со другите земји членки на ОБСЕ. Сметам дека ќе имаме исклучително успешен самит, којшто започнува утре“ рече Ковачевски.
Премиерот рече дека после самитот и претседавањето со ОБСЕ, Македонија како држава ќе излезе посилна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…