Ковачевски слави победа на единствениот кандидат за градоначалник на Центар Жупа

t

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва престојува во Центар Жупа, каде голем број граѓани ја слават победата на Аријан Ибраим, предложен од ТДП а поддржан од СДСМ.

-Јас заедно со граѓаните овде дојдов да ја честитам победата на градоначалникот Аријан Ибраим. Се потврди дека граѓаните знаат да изберат победнички концепт, концептот којшто го претставува владината коалиција. Тешко беа поразени оние сили кои што сакаа да не се избере градоначалник во Центар Жупа. Граѓаните уште еднаш докажаа дека знаат каде треба да се движи државата, дека знаат што е добро за државата и заедно со Аријан Ибраим оваа општина ќе продолжи да се развива. Сакам на сите граѓани уште еднаш да им го честитам изборот на градоначалникот и да им посакам многу успех и развој на општината, порача Ковачевски.

Тој додаде дека градоначалникот и владината коалиција имаат многу помогнато досега за оваа општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Центар утре ќе биде без…

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…

Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле…

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила…

Дојави за експлозивни направи во три училишта…

Општина Центар информира дека утринава во ООУ…

Отстранет дефектот на магистралниот вод на булевар…

Испораката на топлинска енергија во општина Центар…

Герасимовски: Доставена иницијатива до ЗЕЛС за итни…

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со…