Ковачевски: Уставните измени се неминовен процес
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека уставните измени се неминовен процес кој ќе резултираат со успех. Ова го изјави во Брисел, како учесник на Самитот на Европска Унија-Западен Балкан.
На новинарско прашање дали постои оптимизам дека уставните измени ќе се случат до крајот на мандатот на Владата, премиерот Ковачевски потенцираше дека тоа е обврскa која е јасно нотирана во извештајот на Европската Комисија.
„Гледате дека и во самите предлог заклучоци стои, дека штом Македонија ги донесе тие амандмани во Собранието, веднаш ќе биде одржана втората меѓу владина конференција. Се она што јас го зборував во текот на изминатите годiна и пол, се потврди како точно. И се потврди уште нешто како точно, дека во нашата држава имаме два блока, еден европски блок кој што се залага за интеграција на државата во ЕУ. И имаме втор блок, кој токму денес се гледа дека работи против интеграцијата на земјата во ЕУ, а претходно работеше против интеграцијата на земјата во НАТО. Ние секако дека ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставни измени е процес кој ќе продолжи, кој е неминовен и кој на крај ќе резултира со успех, успешно завршување на преговорите и да станеме членка на Европската Унија“, порача премиерот Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…