Ковачевски: Членството во НАТО го крена рејтингот на државата и ги зголемени странските директни инвестиции
Членството во НАТО го крена рејтингот на државата и ги зголеми странските директни инвестиции, рече претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Виена каде одржа предавање на реномираната дипломатска академија – The Vienna School of International Studies, врвен центар на знаење од областа на меѓународните прашања и една од најстарите и најпрестижни професионални школи во светот.
Премиерот говорејќи на тема „Почеток на пристапни преговори со Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“ се осврна на владините политики и посочи дека земјава е носител на најпозитивните политички текови и процеси не само во Западен Балкан, туку и во Европа.
-Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Македонија како во политичка, така и во безбедносно – економска и финансиска смисла. Влезот во Алијансата не беше само гаранција за мир и стабилност за Македонија, туку и гарант за македонската економија, за граѓаните, за нашиот целокупен економски раст и развој, истакна премиерот.
Како резултат на членството на земјата во Алијансата, додаде тој, странските директни инвестиции во услови на криза достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на странски дирекни инвестиции во земјата и двојно повеќе споредба со 2016 година. Владата, рече тој, го поддржува и развојот на домашните компании, а добрите економски политики на Владата носат зголемен економски стандард за граѓаните, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд.
-Го поддржуваме и развојот на домашните компании, со рекордна исплата на 23 милиони евра државна поддршка кон 410 компании, истакна премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата додаде дека со решавање на спорот со Република Грција и потпишување на Преспанскиот договор, остваривме една од двете стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО со што се обезбедува траен мир и го зацврстивме суверенитетот на државата.
-Владата предводена од СДСМ спроведува интеграциските политики, со што покажавме силна политичка волја и искрена желба за конкретен напредок во евроинтеграциите, кажа премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…