Ковачевски ќе го покани бугарскиот премиер во Македонија

t

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мери Брнз.

На средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, за соработката, евро-атлантските интерграции, за предизвиците со здравствената и енергетската криза, како и за процесите околу формирањето на новата Влада предводена од СДСМ.

Ковачевски истакна дека како претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада ќе се води од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, со цел и СДСМ и Владата уште повеќе посветено да работат за граѓаните и подобрување на животниот стандард.

– Како претседател на СДСМ и како мандатар за новата влада, ќе се водам исклучиво од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, а тоа ќе го барам и од моите соработници. Мојот став и принцип е нула толеранција за корупција на секое ниво, особено за носителите на високи, јавни функции. За таа цел, ќе се посветам на јакнеење на капацитетите на институциите кои се борат против корупцијата. Ефикасно, одговорно и посветено – посочи Ковачевски.

Во однос на прашањето со Бугарија и евроинтеграцијата, претседателот Ковачевски истакна дека е потребно да се најде заедничко прифатливо решение, со цел да се оттргне блокадата и Македонија конечно да ги започне преговорите со ЕУ, нешто што одамна го заслужи.

– Ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Остануваме посветени на наоѓање решение со соседна Бугарија за да продолжи нашиот европски пат. По изборот за премиер ќе го поканам господинот Петков да ја посети нашата земја. За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение. Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања – рече Ковачевски.

Амбасадорката Брнз му честиташе на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ и порача дека САД продолжуваат да бидат најголемиот стратешки партнер на Македонија како во делот на спроведувањето на реформите, така и во евроинтегративниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…