Ковачевски ќе се обрати по повод 11 Октомври: Овогодинешното мото е “Секогаш на вистинската страна”
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска по повод Денот на народното востание – 11 Октомври ќе присуствува и ќе се обрати на централниот настан кој ќе се одржи на Спомен Костурницата во Куманово.
Свечениот настан кој се одржува под мотото „На вистинската страна“, започнува во 9:30 часот со положување на свежо цвеќе од владината делегација предводена од претседателот на Владата, придружуван од Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Официјалното обраќање на премиерот Ковачевски е предвидено за во 10:45 часот и може да се проследи во живо на следните линкови:
Линк до видео од одбележувањето на 11-ти Октомври – Ден на народното востание, пред Спомен Костурницата во Куманово на македонски јазик
Линк до видео од одбележувањето на 11-ти Октомври – Ден на народното востание, пред Спомен Костурницата во Куманово на албански јазик
По повод 11 Октомври во текот на денешниот ден, освен во Куманово ќе се одржат свечености во Скопје и во Прилеп. Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, а во состав со Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, во 11:15 часот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Северна Македонија, по што вицепремиерката ќе даде изјава по повод празникот.
Како дел од чествувањето на празникот 11 Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп со почеток во 9:30 часот пред споменикот Методија Андонов-Ченто.
Владината делегација во Прилеп ја предводи Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, а во делегацијата се и Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили, директор на Агенцијата за развој на земјоделство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…