Ковачевски: 750 милиони евра за земјоделците – за 30% поголеми субвенции во новиот мандат на СДСМ
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во Прилеп на отворањето на промотивниот штаб на партијата изјави дека во новиот мандат на СДСМ со него како премиер, ќе ги зголемат субвенциите на 750 милиони евра.
Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Со новата програма на СДСМ за 2024 година, во новиот мандат, тутунарите покрај субвенција за откупен тутун по килограм ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта каде по хектар ќе изнесува 12.000 денари за зелена нафта. Дополнително, со новата програма на СДСМ е превидено зголемување на сумата за субвенции во периодот од 2024 до 2028 на 750 милиони евра, тоа е за 30% зголемени субвенции, што крајно ќе придонесе и за раст на извозот до 1 милијарда и 250 милиони евра, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во изминатите седум години биле силно фокусирани да ја направат Македонија попристојно и подостоинствено место за живот за сите.
Просечната плата е двојно повисока во споредба со 2017 година и од 20.000 порасна на 40.000 денари. Минималната плата е зголемена речиси тројно односно од 8.000 на 22.500 денари. Минималната пензија ја зголемивме за 50% а просечната пензија за 6.000 денари. Само во Македонија има реален пораст на плата во однос на трошоци за живот и тоа во споредба со други земји од Источна Европа. Во новиот мандат на СДСМ со нашите политики ќе стигнеме до над 1.000 евра просечна плата и над 600 евра минимална плата. Членството во ЕУ не е цел сама по себе туку борба за подобар животен стандард, изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…