Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со “македонските Бугари”

t

Претставниците на македонските Бугари треба сериозно да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Македонија. На ова инсистирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на “македонските Бугари”.

Ковачев бара претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со нив.

-Да слушнат од нив кои се нивните проблеми, институциите да ги заштитат како нивни граѓани од атмосферата што ја создава говорот на омраза и да престане со практиките од минатото, инсистирал Ковачев.

Тој додал дека македонските Бугари се залагаат за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.

-Ова е од корист за сите граѓани на РМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Подарете му на Андреј…

Андреј е четиригодишно детенце кое од две годишна…

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…