Ковачев: Тажно ми е срцето што македонските власти го губат времето на сопствената држава, наместо да започнат преговори
„Навистина им се чудам на оние во Скопје кои им изгубија толку многу време на македонските граѓани. На мене ми е многу жал, тажно ми е на срцето дека македонските управници и го губат времето на сопствената држава, наместо да започнат со преговори“.
Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев во интервју за ТВ21 на прашањето што може да се направи сега за членството на Македонија во ЕУ.
„Наместо сега да е еден од првенците за Европска интеграција, тие се заглавија со користење на пари, дипломатија во Брисел, во Вашингтон, во Парис, да одат да објаснуваат дека треба нешто да се промени. Тоа е изгубено време, изгубено време. Има прифатена европска рамка за започнување на преговорите, таа е прифатена од сите 27 држави, прифатена е од Собранието во Скопје, исто така и во Бугарија од Бугарското Собрание, така да сите овие напори што ги вложуваат се на штета, според мене за македонската европска иднина“, изјави Ковачев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…