Ковидот не е целосно исечезнат? Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus
Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните наслови, вирусот сè уште е присутен и тоа во форма што лесно се потценува. Симптомите често се прикриени или наликуваат на други сезонски заболувања, што го прави препознавањето потешко. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје и тоа за првата недела од јуни покажува дека во Македонија се потврдени три нови случаи од 140 тестирани материјали, со просечна стапка на позитивност од 1,3 отсто.
Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, но со предупредување дека намаленото тестирање и ограниченото известување го отежнуваат реалното следење на вирусот. Од почетокот на 2025 година во Македонија се евидентирани вкупно 49 заболени, со две починати лица едно во јануари и едно во април. Во истиот период тестирани се 5.631 примерок, а просечната позитивност е 0,9 отсто.
Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus
Иако бројките во Македонија се ниски, глобалната епидемиолошка слика покажува дека вирусот продолжува да се прилагодува. Моментално, здравствените власти ги следат двата доминантни соја – Stratus и Nimbus – кои во изминатите месеци брзо го зголемија своето учество меѓу новите случаи.
Од мај до август, процентот на инфекции предизвикани од овие варијанти постојано расте, што укажува на висока преносливост. Според д-р Шерон Нахман од Stony Brook Children’s Hospital, и Stratus и Nimbus се „еднакво добри“ во инфицирање на домаќинот, но засега не се поврзани со потешка клиничка слика во споредба со претходните варијанти. Она што е забележливо е промената во симптомите – кај многу заразени се јавуваат интензивно гребење и болка во грлото, засипнатост и чувство дека „не можат да зборуваат или голтаат“. Овие симптоми, иако непријатни, најчесто не доведуваат до хоспитализација.
Експертите предупредуваат дека двата соја имаат повеќе точки на мутација во однос на оригиналните варијанти од 2020, 2022 и 2023 година. Поголемиот обем на пренос значи и поголема можност за нови мутации, па есенската и зимската сезона може да донесат нов бран со различни соеви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја…
Марк Цукерберг, шефот на Мета, се појави…
ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…
Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…
Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…
Фаучи бил „шверцуван“ во централата на ЦИА…
Д-р Ентони Фаучи бил „шверцуван“ тајно во…