Кога еден Прличев, Рацин, Мисирков се повикуваат на античката историја на македонскиот народ, јас треба да ги слушам Колозова и Џабир? Алтан на врат на ајван не се клава
Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, кратко коментира ставови на одредени “интелектуалци” според кои македонскиот народ нема право да се повикува на вековната историја и традиција на која се повикувале Прличев, Мисирков, Рацин…
– И сеа кога еден Прличев, Мисирков па дури и Рацин, се повикуваат на античката историја на македонскиот народ, јас треба да ја слушам Колозова, Џабир, Цветковиќ, што знам, оној Гелевски и тој до него, дека глупи ќе сме биле и заостанати ако ја продолжиме таквата традиција, си ја зачуваме таквата култура и се обидеме да ја унапредиме. Али затоа Грција можело да се повикува на таа историја, и тоа ексклузивно, само Грција и грците!
Ајвани! Убаво викаше дедо ми: алтан на врат на хајван не се клава, ем не знае гордо да го носи, ем ќе иде да јаде помија (интелектуална) ќе го испогани, и нема да остане паќ (вистината ќе ја замати) ништо после, напиша Исмаил на Фејсбук.