КОГА ЌЕ ДОЗНАЕМЕ КОЈ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД? Тоа зависи од неколку фактори

t

Во текот на последните 25 години, Американците постојано биле будни во раните утрински часови, чекајќи ги новинските организации да го упатат одлучувачкиот резултат кој зависи од последната држава, потребна за да се постави одреден претседателски кандидат во Белата куќа и чекаајќи да дознаат кој го контролира Конгресот.

Мала е веројатноста да се дознае победникот на претседателските избори на самата изборна ноќ бидејќи Камала Харис и Доналд Трамп се практично изедначени во анкетите, а големи се шансите дека трката се сведува на мал број „свинг“ држави, објави Гардијан.

Кога ќе дознаеме кој победил на изборите во САД?
Многу зависи од тоа колку ќе бидат блиски резултатите од гласањето. Четири сојузни држави – Аризона, Невада, Пенсилванија и Висконсин – имаат процедури за гласање за кои може да бидат потребни денови за да се завршат. Но, ако Харис убедливо ги освои другите „свинг“ држави, тоа е доволно за да биде прогласена за победник. За секој друг резултат ќе биде потребно време.

Како новинските агенции го именуваат победникот?
Новинските агенции го именуваат победникот, но тие не го определуваат. Новинските организации, како што се Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си, Еј-Би-Си и Фокс њуз, на изборната ноќ носат „одлука“ и користат модел за проектирање како ќе се одвива пребројувањето на гласовите, држава по држава.

Сепак, одлуката да се прогласи победник ја носат статистичари, а не водители на вести.

Различни мрежи можат да прогласат победник во различно време бидејќи секоја мрежа користи модел кој е независен од другите. Различни аналитичари можат да донесат заклучоци во различно време.

Што може да ги одолжи резултатите?
Ако маржата во државите е помала од 0,5% или ако некоја држава бара повторно пребројување, прогласувањето на крајните резултати може да се одолжи. Новинските куќи генерално нема да објавуваат резултати од државите додека не се појават завршните резултати од пребројувањето.

Трамп инсистира на резултат во изборната ноќ
Доналд Трамп повторно постави очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ. Тој веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама.

– Го сакаме одговорот вечерва – рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс, во сојузната држава Мичиген.

По претседателските избори во 2020 година, Трамп се прогласи за победник во изборната ноќ и повика да се запре броењето на гласовите кога кусо време беше пред неговиот тогашен ривал Џо Бајден.

Тој до ден денеска одбива да ги признае неговиот изборен пораз во 2020 година. Според аналитичарите, постојат стравувања дека Трамп може да ја повтори оваа стратегија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена пријавена за исчезната

На 27.12.2024 година во 15:00 часот во…

Цукерберг силно ја критикува ЕУ: „Тажно е,…

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, отворено…

Путин се извини за „трагичниот инцидент“ со…

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини…

Авиокомпании ги откажаа летовите кон Русија по…

Неколку авиокомпании објавија дека ги прекинуваат летовите…

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на…