Код: Познати хотели и кафеани краделе струја, една пекарница украла колку што троши цело село

t

Околу 600 корисници, од кои повеќето се познати хотели, угостителски објекти лоцирани во центарот на Скопје, Дебар Маало и на улица „Македонија“, но и на Широк Сокак во Битола и ширум земјата, краделе струја преку манипулација на броило кое ја замрзнува потрошувачката, објави „Код“.

Со овој вид на манипулација на броилата, тие не само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад. Кражбите ги евидентирал системот на ЕВН, кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на компанијата прават контроли на терен. Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна потрошувачка на едно село.

Екипите на ЕВН во еден ден на само една локација извадиле десет броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од вообичаеното. Поради заканите што ги добиваат на терен, компанијата често праќа екипи од еден град во друг. На овие броила покрај другите мерки им биле издадени фактури по претпоставена вредност колку би потрошиле. За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува. Кражбата на струја е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од пет години, а доколку се работи за фирма, парична казна од 1500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу 350 случаи на кражби на струја, објави „Код“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…

Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…

Жител на Волково вчера пријавил дека од…

Болест: Украдена биста на почината жена од…

Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…