Објавено на:

Кои се правилата за утрешната дебата Харис-Трамп?

t

Во вторник, на 10 септември, во Филаделфија ќе се одржи првата дебата меѓу кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп.

Дебатата на претседателските кандидати ќе трае 90 минути, ги објави ABC News правилата кои ќе ја регулираат дебатата.

Дебатата меѓу Камала Харис и Доналд Трамп ќе трае 90 минути, со две паузи за реклами, а ќе ја модерираат водители на ABC News Дејвид Муир и Линси Дејвис.

Со фрлање паричка, во кое победи претседателот Трамп, беше одлучено тој да го избере редоследот на изјавите, по што тој избра да биде последен кој ќе даде завршен збор, додека актуелната потпретседателка ја избра десната позиција на подиумот и екранот.

Правила
Според правилата, микрофоните ќе бидат вклучени само за кандидатот чиј ред е да зборува, додека ќе се исклучат кога времето ќе му припадне на другиот, а прашања ќе може да поставуваат само модераторите.

Секој кандидат ќе има две минути да одговори на секое прашање со двеминутна реплика и дополнителна минута за продолжување, појаснување или одговор. Воведни зборови нема да има, а завршните зборови ќе траат по две минути по кандидат.

Меѓу наведените правила, кандидатите ќе стојат зад говорниците за време на дебатата и нема да бидат дозволени никакви реквизити или однапред напишани белешки. На учесниците во кампањата не им е дозволено да комуницираат со кандидатите за време на рекламите, а двајцата учесници во дебатата ќе добијат пенкало, тетратка и шише вода.

Во пресрет на дебатата, која е закажана за 10 септември во 21 часот по локално време, ABC News ќе емитува специјална емисија „Трка за Белата куќа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се правилата за утрешната дебата Харис-Трамп?

Во вторник, на 10 септември, во Филаделфија…

Дмитриј Медведев: САД ќе пропаднат во граѓанска…

Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев, близок соработник…

Уапсен 19-годишник во Скопје, кај него се…

Вчера во 21.50 часот во Скопје, на…

Кривична пријава против девет лица, правеле пустош…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против девет…

Приведени неколку лица на „Тиквешки гроздобер“, се…

СВР Велес известува дека на последната вечер…