Колапс на Ќафасан: 150 возила заглавени во мракот, возачите бесни и нервозни

t

Две долги колони од над 150 автомобили веќе 40 минути стојат во место на граничниот премин Ќафасан, во обид да влезат во Македонија. Возачите, очајни и нервозни, постојано свират, како да одат на свадба, а не во обид да преминат граница.

На терен владее хаос: осветлување на преминот нема – ниту една ламба не работи, што целата сцена ја прави уште понереална. „Како да сте влезени во епизода од ‘Зоната на самракот’“, коментираше еден од возачите.

Патниците прашуваат: Зошто е толку тешко да се влезе во сопствената земја? Додека институциите молчат, граѓаните се борат со темнината, нервозата и прашањето – дали ова е навистина европски пат?

Очигледно, туристичката сезона е на својот врв, но капацитетите и организацијата на граничните служби – очигледно не се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колапс на Ќафасан: 150 возила заглавени во…

Две долги колони од над 150 автомобили…

Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а…

„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ…

Трамп со нова наредба: Бездомниците ќе се…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша нова…

Кадиров за малку ќе се удавел на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за малку ќе…

(Видео) Се гасат пожари: Хеликоптерите на МВР…

Во текот на денешниот ден (25.07.2025) два…