Колев: Со уставните измени, Бугарите во Македонија треба да имаат свој претставник во државните институции

Бугарската заедница во Република Македонија нема ниту еден претставник во институциите. Со уставните измени, ваквите назначувања мора да се случат. Вака изјавил претседателот на политичката партија Граѓанско демократска унија (ГДУ), Петар Колев, чија политичка платформа се должи на промоција на интересите на Бугарите во Македонија.
Колев потсетил дека во последните 30 години во Македонија се направени клучни промени, согласно патот на интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ.
Истакнал дека Бугарија успеала да го привлече вниаманието на европските претставици преку својата дипломатска активност.
Со оваа промена на Уставот, институциите ќе бидат обврзани да признаат дека денес во Македонија живеат луѓе кои се дефинираат како Бугари. ЕУ изјави дека доколку не бидат прифатени, РМ ќе падне во политичка изолација, рекол Колев во интервју за „БНР“.
Појасни дека по донесувањето на измените во Уставот ќе биде потребно да се сменат учебниците по историја, да се отворат досиејата на тоталитарните служби и да се активира борба против јазикот на омразата.
Овие работи произлегуваат од Договорот за добрососедство, кој е дел од преговарачката рамка на РМ. Некој во РМ се обидува да го претстави проблемот со човековите права како проблем на билатералните односи, но тој е универзален. Неприфатливо е да се вршат злосторства од омраза. Овие примери треба да стигнат до европските институции, порачал Колев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…