Колкав ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се одмрзнат цените имајќи во предвид дека и струјата и гасот се поскапени?

t

Ние како опозиција две години потенциравме дека се случуваат страшни моменти во енергетскиот сектор, дека намерно се уништува и дека служи за црпење на парите од она што значи ресурси на Македонија и буџетот. Да не потсетувам за разни афери кои што ги извадивме во јавноста, чии камиони возат во РЕК Битола, за тоа кој колку копа во РЕК Битола, за тоа како се празнеа езерата и со видео материјали ги посочувавме оние водни ресурси кои што ја доведоа не само енергетската слика, туку и моментите во земјоделството, сточарството, рибниот фонд, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Добро утро, секое утро“ на ТВ Алфа.

Стоилковски праша колкав ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се одмрзнат цените, имајќи во предвид дека и струјата и гасот покачи, додавајќи дека ова е тежок удар врз домашната економија.

Имаме поскапени ресурси, струјата и гасот, имаме смрзнување на цените на производите. Кажете ми го вие мене сега економскиот момент за произведувачите кога ресурсите им се поскапуваат, а бидејќи индустриската струја таа која што ја користат во погоните за работа е многу поскапа од оваа што ја покачија, а производот кој што го произведуваат треба да биде со иста цена. Знаете што ова е тежок удар врз домашната економија. Колкава ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се “одмрзнат“. Цената на струјата е покачена, во меѓувреме покачи и гасот за 200 проценти и на крај производите колку ќе поскапат, рече Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…

ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…

Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…