Колку долго бебето треба да спие со родителите во собата?

t

Не постои најдобар начин родителите да ги „натераат“ бебињата да спијат цврсто, но експертите велат дека без разлика на сѐ можете да им помогнете да спијат сигурно.

Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува бебињата да ја делат просторијата со родителите додека не наполнат 6 месеци. Сепак, малечкото треба да спие во креветче, а не во кревет со родителите.

Истражувањата покажаа дека оваа практика го преполовува ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња во споредба со другите методи на спиење, пренесува Parents.com.

Од друга страна, ако бебето спие со вас, вие го ставате во голема опасност. Може да дојде до задушување, заглавување помеѓу душекот и рамката на креветот доколку често се движи во текот на ноќта и многу други проблеми.

Кога ќе наполни 6 месеци, нека спие во својата соба во креветче. Ставете го бебето на грб, отстранете ги сите непотребни предмети од креветчето и погрижете се температурата во просторијата да биде помеѓу 20°C и 22°C. Се разбира, мониторот за бебиња може да биде корисен и за да знаете што се случува во секое време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…