Командант на КФОР: Подготвени сме да одговориме на секоја закана!

Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ денеска изјави дека мисијата е подготвена да одговори на секоја закана и дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Улуташ изјави за Anadolu Agency дека КФОР продолжува да прави се за да обезбеди безбедна средина за благосостојбата на сите луѓе кои живеат во Косово.
„КФОР обезбедува безбедна средина за сите заедници во Косово веќе 25 години. Ова ќе го продолжиме во 2024 година. Ќе продолжиме со нашите напори да спречиме ескалација на тензиите и сакам да ве уверам дека сме подготвени да одговориме на секоја закана“, рече Улуташ.
Според него, стабилноста зависи од тоа сите страни да изберат дипломатија наместо конфликт.
„Ние ќе продолжиме да го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина обезбедувајќи ја потребната безбедна средина за напредок на дипломатските напори. Траен мир и стабилност за сите луѓе кои живеат на Косово. Тоа е единствениот начин“, истакна Улуташ, пренесе Танјуг.
Тој потврди дека КФОР ќе ја продолжи својата мисија во покраината се додека е потребно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…
Блокада на студентите и група граѓани денеска…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…