Комбе-автобус се преврте на патот Струмица-Валандово, повредени се повеќе лица

t

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“, при што повеќе лица се полесно повредени и пренесени во болница.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.

– Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.

Според информациите од струмичкото обвинителство, во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 11 се полесно повредени и се пренесени за укажување помош во болницата.

Од струмичката болница засега не можат да го потврдат точниот број на примени, повредени и задржани патници на лекување, бидејќи сè уште траат испитувањата и дополнително ќе ја соопштат точната бројка.

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…