Комеморација во Охрид по ненадејната смрт на Алекс Салмонд, ќе присуствува и претседателката Давкова
Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд, денеска ненадејно почина во Охрид, каде учествуваше на вториот Форум за културна дипломатија, организиран од Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Канцеларијата на Иванов го потврди трагичниот настан и изрази длабоко сочувство до семејството на Салмонд.
„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска, кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина“, велат од Канцеларијата на Иванов.
Оттаму за државната новинска агенција МИА информираат дека вечерва ќе се одржи комеморација, на која свои обраќања ќе имаат Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос, како и дел од другите учесници на форумот. На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.
Од Министерството за внатрешни работи, односно од Секторот за внатрешни работи Охрид во изјава за „360 степени“ велат дека засега можат само да го потврдат настанот, а со повеќе информации најавуваат дека ќе излезат утре.
Алекс Салмонд функцијата прв министер на Шкотска ја извршуваше од 2007 до 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комеморација во Охрид по ненадејната смрт на…
Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд,…
Комеморација за Илинка Митрева утре во МНР
Утре во Министерството за надворешни работи ќе…