Комисијата утврди повреда на Законот: Русковска ќе биде разрешена!

t

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ќе биде разрешена од својата функција, додека едната обвинителка се соочува со дисциплинска мерка, а третата е ослободена од одговорност. 

Ова го објави Основното јавно обвинителство, од каде посочуваат дека Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое:

–  За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители.

–  За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30 отсто од исплатената нето плата во траење од 6 месеци.

–  За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство

Против Решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​

Муареми поднесе кривична пријава против Русковска откако ОЈОГОКК отвори истрага против него, и изврши претрес на работните простории на директорот откако Инфомакс ексклузивно објави дека екс-директорот Муареми рекетирал бизнисмени злоупотребувајќи ја неговата службена должност.

Од ОЈОГОКК, Муареми беше под истрага поради основано сомневање дека во неколку наврати ја злоупотребил својата функција да врши уцени на бизнисмени под закана дека ако не ги исполнат неговите барања ќе им отвори финансова истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…