Комити: Одлуката на Гостивар е срамна – никој не може да нѐ спречи да го бодриме Вардар!

t

Навивачката група на Вардар, Комити реагира на одлуката на ФК Гостивар престојниот натпревар во Маџари да се игра без присуство на публика.

Гостивар во недела на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека Вардар, па за да не се чувствуваат како да играат на гостински терен, клубот донел одлука да нема присуство на публика.

На ваквата одлука реагираат Комити кои најавија дека сепак ќе одат на стадионот.

„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!
Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!
Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.
Локација: Кино Маџари
Поаѓање:14:00ч.
Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!
Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!
Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!
НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!“, стои во соопштението на Комити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна одлука за напад во Русија, Америка…

Белата куќа го финализира планот кој ќе…

И ОВА СЕ СЛУЧИ – Украинскиот голман…

Украинскиот портал "Спорт Експрес" објави неверојатна приказна…

Комити: Одлуката на Гостивар е срамна –…

Навивачката група на Вардар, Комити реагира на…

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што…

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје…

Агелер за црната листа на САД: Повеќе…

Се разгледуваат голем број на случаи и…