Комити: Фрустрирани поединци од обезбедувањето во Битола нападнаа наши членови!

t

Навивачката група „Комити“ ги обвини Ракометниот клуб Пелистер и СВР Битола за физички напад врз нејзините припадници пред и за време на вчерашното дерби од ракометното првенство на Македонија.

Вардар гостуваше во салата „Боро Чурлевски“, а стотина навивачи на скопскиот тим се упатија кон Битола за да му дадат поддршка на својот клуб. Сепак, пред салата, „Комити“ биле нападнати од домашното обезбедување при што имало и повредени, а во контекст на своето тврдење, приложија и видео.

„На вчерашниот натпревар, одигран во Битола, повторно бевме сведоци на лоша организација и низа на пропусти, како од страна на домаќинот, така и од страна на СВР Битола.

Првично, би сакале да напоменеме дека пред самиот влез на Битола, пристигнавме речиси еден час пред натпреварот, но под изговор дека се чека дозвола од страна на сообраќајната Полиција од Битола, бевме држени се до 17:55ч. кога на само пет минути пред почетокот на натпреварот, конечно се упативме кон салата ,,Боро Чурлевски.”

Револтот беше огромен, затоа што токму одлуката да дојдеме порано, беше донесена со цел избегнување на сите гужви, тензични ситуации и секако со цел навремено пристигнување во сала и давање максимална поддршка на нашата екипа! Сепак, кулминацијата на целиот настан се случи токму пред влезот на салата, каде што без било каква провокација од наша страна, наши членови беа нападнати од страна на обезбедувањето, кое се дрзна покрај се да употреби и пендрек поради што неколку наши членови се здобија со повреди.

Репресијата е нешто со кое се соочуваме со години, во било која форма. Но личната фрустрација на поединци е нешто недозволиво, нешто на кое ќе мора институциите, пред се управата на Еурофарм Пелистер да поработи и тоа час поскоро. Подобро вие отколку ние, затоа што ,,нареден пат” нема да има!

Упатуваме честитки до нашиот тим за борбеноста и затоа што ниту во најлошите мигови не се предадоа. Напротив, носени од нашата песна, со одличната игра во второто полувреме, покажаа менталитет и беа на чекор до целосен пресврт. Само заедно сме најдобри!

За крај, би сакале да го поздравиме заедничкото навивање со н.г. ,,Чкембари Битола”, посветено на татковината, а кон кое повремено се приклучуваше и поголем дел од публиката во салата!

Нашата мила Македонија, нé одгледала за да ја браниме!“, пишува во објавата од „Комити“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…