Комуналните редари казнуваа спроти Ист Гејт: Четири прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад
Инспекторатот на Град Скопје, покрај засилените контроли, организираше и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот Ист гејт мол, каде што изминатиов период од несовесни граѓани континиурано неправилно се одложува комунален отпад и се создаваат диви депонии.

Градските комунални редари деновиве на самото место затекнаа 4 сторители и против истите се поднесени соодветни прекршочни пријави. Екипи на ЈП Комунална хигиена веднаш го подигнаа отпадот, а просторот е целосно исчистен.
Апелираме отпадот да се одлага во садови наменети за комунален отпад во спротивно ќе следаат соодветни санкции согласно со Законот за јавна чистота. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината.
Дежурствата на Инспекторатот на Градот продолжуваат и во наредниот период на целата територија на град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ако имало повеќе кислород во кочанската…
Дали доколку имало доволно боци со кислород…
Смртоносната железна завеса: Европа повторно распоредува мини…
Од Лапонија во северна Финска до источна…
„Моќта на жената“: Седеше сосема сама пред…
Фотографија на која жена седи сосема сама…
Белград: „Тука сме“ – Студентите во блокада…
Студентите во блокада ги поканија граѓаните на…
Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…