Конечно после долго време – Концерт во Скопје на Каролина Гочева
Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со издадени десет студиски албума и отпеани безброј хитови и евергрини, Каролина Гочева ќе одржи голем концерт под ведро небо, насловен „Ајде да летаме – најголеми хитови“, кој ќе се одржи на 1 јули, на стадионот на АРМ во Скопје.
– Концертот ќе биде со сериозна светска продукција, светло и звук, какви што му прилегаат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева – велат од продукцијата „Авалон“.
Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1 јули во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит“, ,,За нас“, ,,Капка под небото“, ,,Не се враќаш“, ,,Се лажам себе“ и уште многу други хитови што ја одбележаа 30-годишната кариера на Каролина. Влезниците веќе се пуштени во продажба низ нашата продажна мрежа, по цени од 700 до 1.500 денари. Каролина во неделата одржа концерт во родниот град, во античкиот театар Хераклеја Линкестис, на отворањето на 14-от „Бит фест“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…