Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски вработувања
Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски вработувања. Тие велат дека преку ноќ портити стануваат советници во МНАВ.
Синдикатот на контролори на летање најавува штрајк за 12 октомври поради наталожени проблеми од раководството на МНАВ, лоши услови за работи и наместени огласи. Тврдат дека поради стара техника, авиосообраќајот над небото на Македонија ова лето бил принудно намален.
Синдикатот обвинува за партиско-клиентелистичко вработување на луѓе по нарачки, плус со несоодветно образование, до степен на превработеност во Контролата на летање. Моменталната состојба според Синдикатот е со повик: „Која мајка изгубила дете, да дојде да си го најде во МНАВ“.
Контролорите побарале да се распише тендер за да дојде сертифицирана странска фирма која ќе направи финансиска и сеопфатна анализа, споредби со европските контроли на летање, па да каже колку вработени се потребни, какви профил, дипломи и звања, сето тоа со цел нормално функционирање на овој многу важен сегмент не само за нашата држава, туку и за меѓународниот авиосообраќај на кој сме дел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…
Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…
Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…
Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…
Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…
Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк
Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…
Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…
Работниците во автомобилската индустрија на САД на…