КОНФЕРЕНЦИЈА „СПРАВУВАЊЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА“
Денес, 31 мај 2022 година во Скопје, со почеток од 12.00 часот ќе се одржи конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор. Настанот ќе се случи во Хотел „Панорамика“ и ќе биде во хибриден формат.
Конференцијата ќе обезбеди платформа за дискусија на чинителите кои работат на развој на демократијата преку борба против дезинформациите и унапредување на слободата на изразување, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства. На конференцијата ќе учествуваат претставници на релевантните институции, стручната јавност, граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.
Настанот ќе се состои од две работни сесии. На првата ќе бидат претставени и дискутирани резултатите од тековни истражувања за состојбите со цел подобро разбирање на контекстот, додека на втората сесија ќе се дискутира за препораките за наредни чекори на различните општествени чинители со цел заедничко спротивставување на штетните влијанија насочени против развојот на демократијата и интегративните процеси. Секоја работна сесија ќе се состои од воведен панел со кратки излагања на говорниците и простор за дискусија на сите учесници.
Агендата за настанот може да ја погледнете тука: Агенда – Справување со дезинформации во Република Северна Македонија.
Текстот е преземен од Метаморфозис
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Згрозени сме од лагите што ги…
Министерството за внатрешни работи со демант на…
Борел и Јоурова: Новинарите се клучот во…
Во овие тешки времиња, проследени со војни,…
Руската служба за безбедност признава дека ја…
Руската Федерална служба за безбедност во своите…
КОНФЕРЕНЦИЈА „СПРАВУВАЊЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА“
Денес, 31 мај 2022 година во Скопје,…
Арсовска од Тирана: Наоѓаме начини како да…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е…