Конфликтот ќе заврши на преговарачка маса – Чавушоглу: Турција ја поддржува предложената мировна формула на Зеленски!
Анкара ја поддржува мировната формула на украинскиот претседател Зеленски изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Верувам дека гледаме вистински резултати на дипломатијата. Има и преговори во многу други димензии, како што се размената на воени заробеници, преговорите за Запорожје. Конкретно, одржуваме некои состаноци во Истанбул.…
Ние сме во интеракција со двете страни. Но, има нови параметри и реалности. Русија вели дека е подготвена да преговара сега. Зеленски предложи мировен план од десет точки. Ние како Турција го поддржуваме овој план и продолжуваме со нашата работа“, рече министерот на прес-конференција.
Чавушоглу изрази уверување дека конфликтот ќе заврши на преговарачка маса и рече дека Анкара прави интензивни напори за обезбедување мир.
Одговарајќи на прашања за Украина, Чавушоглу изјави дека Турција вложила големи напори во тој поглед и претседателот Реџеп Тајип Ердоган од почетокот работи и на прекин на огнот и на траен мир.
„Се разбира, нашата цел е траен мир и взаемно прифатливо решение. Веруваме дека оваа војна ќе заврши на преговарачка маса. Колку побрзо, толку подобро“, рече Чавушоглу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…