Концертот на Меморија се преместува на друга локација
Поради најавата за невреме и исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни, закажаниот концерт под отворено небо на групата „Меморија“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „Борис Трајковски“.
Купените партер влезници важат, фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибина на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат две лица со една влезница.
Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење, за сите оние што се уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700 денари.
Продажните места остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на ‘купи карти за се’.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…