Копнената операција на израелската армија влезе во нова фаза

t

Израел од воздух и копно атакува врз цели на Хамас во Газа. Палестинските власти јавуваат за неколку десетици загинати цивили во воздушни напади врз градовите Рафах и Кан Јунис. Палестинскиот премиер не можеше да ги задржи емоциите за време на состанок на владата, додека раскажуваше за тажната судбина на палестинско семејство.

-Децата пишуваат имиња на нивните тела за да може да се идентификуваат телата. Мајката на трите деца кои се затрупани под урнатините им вели на своите деца: „Дајте да ве видам, дури и на сон“. , изјави Мохамед Штајех, палестински премиер.

Во Израел се одржуваат комеморации за 1.400-те жртви по еден месец од нападите на Хамас. Семејствата на киднапираните заложници пред Кнесетот во Ерусалим побараа нивното враќање дома да биде приоритет број еден, по која и да е цена.

-Се бара ослободување на сите палестински затвореници, прекин на огнот и обезбедување гориво за Газа… Ние сме подготвени да платиме секаква цена за да ги видиме нашите сакани. , вели Ноам Алон, брат на киднапиран Израелец.

За премиерот Нетанјаху и натаму најголемата цена треба да ја плати Хамас. Тој одбива прекин на огнот, но како што вели, би прифатил кратки хуманитарни паузи. Прв пат откри дека по завршувањето на конфликтот, Израел планира да ја има контролата врз Газа.

-Мислам дека Израел на неодредено време ќе ја има вкупната безбедносна контрола (во Газа), зашто се гледа што се случува кога ја немаме. Кога немаме безбедносна контрола, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас од незамисливи размери. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Апелите на Обединетите Нации и натаму не даваат резултат. Газа не безбедно место за никого, порачува првиот човек на светската организација.

Дами и господа, Газа станува гробница за деца. Стотици девојчиња и момчиња се убиени или ранети секој ден. Според извештаите, повеќе новинари се убиени за четири недели отколку во било кој конфликт во последните три децении. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Гутереш соопшти дека на Обединетите Нации им се потребни 1,2 милијарди долари за испорака на помош за 2,7 милиони луѓе во Газа и на Западниот Брег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…