Корисни совети: Како да го регулирате холестеролот преку исхраната?

t

Експертите истакнуваат дека холестеролот можете да го регулирате со исхраната.
Како што е познато, зголемениот холестерол може да доведе до посериозни кардиоваскуларни заболувања како што се срцев удар и мозочен удар, кои се меѓу водечките причини за смрт во светот.

Прво, неопходно е да се намали телесната тежина, што исто така ќе доведе до намалување на холестеролот во просек за осум проценти.

Лекарите веруваат дека најдобро е да ослабете со урамнотежена исхрана. Тие предлагаат за време на оброкот, половина од чинијата да се наполни со салата, а другата половина да биде составена од придружни јадења и храна базирана на протеини.

Покрај тоа, тие советуваат да се консумираат природни масти. Јадењето лосос може да го намали холестеролот и крвниот притисок.

Друг ефикасен начин е да се зголеми физичката активност. Третиот и исто така важен фактор е намалувањето на нивото на шеќер во крвта, што ги оштетува ѕидовите на крвните садови, чии ниши потоа се полнат со холестерол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСПЕРТИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се докажано најдобри диети

Многу луѓе размислуваат за диета по Нова…

Корисни совети: Како да го регулирате холестеролот…

Експертите истакнуваат дека холестеролот можете да го…