Објавено на:

Короната се враќа – Мехмедовиќ: Очекуваме зголемен број на хоспитализации од Ковид-19

t

Тестирањата се намалени во однос на претходниот период и тоа е феномен што се случува секаде во светот. Од Центарот за контрола на болести се појави нова анализа која вели дека овој бран се појави од двете нови суб-варијанти на „омикрон“ – БА4 и БА5, всушност е вториот најсилен бран во онаа блиска историја на Ковид што ја живееме во изминативе две ипол години. Не гледајќи ги само реалните бројки на позитивните случаи во дневните извештаи не значи дека немаме силен бран кој се среќаваме во моментов, изјави за ТВ 24 доктор Злате Мехмедовиќ.

Очекува зголемување на бројот на хоспитализации од Ковид-19.

– Во кој процент тоа ќе биде не можеме да кажеме со сигурност, но ја следиме состојбата и во зависност од тоа како е оптеретен здравствениот систем, Комисијата за заразни болести ќе донесе соодветни препораки кои ќе ги препорача до министерот за здравство, истакна тој.

Порача да продолжат да се користат маските во затворени простории, кои се климатизирани и не доволно проветрени, како и во моловите и другите затворени места.

– Таа препорака останува, не е задолжителна но е во насока на тоа да бидеме одговорни и да го зачуваме јавното здравје, како и здравјето на нашите најблиски. Велите не очекува есенски бран, јас би рекол дека тој бран веќе почна. На есен состојбата или ќе се продолжи или ќе се влоши во зависност од тоа како еволуира вирусот. Она што го видовме во изминатиот период, вирусот продолжува да еволуира во варијанти и подваријанти, се работи за омикрон кој знае како да создаде нови варијанти кои го избегнуваат имунитетот и кои што се полесно пренослови, што се лоши вести и нешто што не загрижува, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…