Објавено на:

Корпа од Кина: Немаат слободни термини за посета на Борел

t

Кина ја откажа посетата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, каде требаше да престојува следната недела, соопшти портпаролката за надворешна и безбедносна политика на Европската комисија, Набила Масрали.


„За жал, колегите од Кина не информираа дека закажаните датуми за следната недела веќе не се можни и дека сега мораме да бараме алтернативи“, рече Масрали во писмената изјава за Ројтерс.
Амбасадорот на ЕУ во Пекинг, Хорхе Толедо, претходно најави дека Борел на 10 јули ќе пристигне во Пекинг и ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг.


Толедо на Светскиот мировен форум во Пекинг рече дека Борел ќе разговара за „стратешки прашања“ за време на посетата, вклучително и прашања за човековите права и војната во Украина, според аудио снимката што ја споделија организаторите претходно денеска.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави денеска за новинарите дека нема информации за посетата на Борело на Кина.


Борел требаше да отпатува во Кина по високиот претставник на ЕУ за клима Франс Тимерман, кој беше во Пекинг претходно оваа недела, каде што разговараше за климата, биодиверзитетот и заштитата на животната средина.
Во април, Тимерман и Борел ја одложија посетата на Кина откако беа позитивни на корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…