Косовец со швајцарска дозвола и „Порше“ летал со 205 километри на час на патот Скопје-Тетово

На 14.03.2024 од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар”. При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина, регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше”, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…