Косово во 2023 извезувало најмногу стоки во Македонија
Според податоците на Институтот за напредни студии и царини на Косово, лани најголем увоз од Турција е забележан во Косово, додека по извоз на прво место е Македонија, пренесува Телеграф.
Косово извезе стоки во Македонија во износ од 120,5 милиони евра, потоа во Албанија 112,7 милиони, САД 103,9 милиони, Германија 85,9 милиони, Швајцарија 71,8 милиони, потоа Србија, Црна Гора, Италија, Турција и Австрија.
Најголем увоз е забележан од Турција, односно 13,6 отсто од вкупниот увоз или 782,09 милиони евра, потоа Германија со 746,5 милиони евра или 12,9 отсто, Кина со 648 милиони евра или 11,2 отсто, Грција со 5,7 отсто или 330,7 милиони евра, Албанија. со 5,7 отсто или 326,2 милиони, како и Северна Македонија, Италија, Индија, Србија и Полска.
Разликата во увозот во 2023 година во однос на 2022 година е увозот од Србија, која во 2022 година била на четврто место со 6,63 отсто или 371,6 милиони, додека во 2023 година била на 9 место со 3,4 отсто или 198,2 милиони евра.
Според податоците, разликата во извозот е што во 2022 година Косово најмногу извезувало во САД, додека во 2023 година најмногу се извезувало во регионот, во Македонија, Албанија и дури потоа во САД.
Вредноста на увезената стока за 2023 година е 5 милијарди и 77 милиони евра, додека вредноста на извезената стока е 819,6 милиони евра.
Во меѓувреме, во 2022 година вредноста на увезената стока била 5 милијарди и 603 милиони евра, додека вредноста на извезената стока била 869,5 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…