Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Македонија. Тоа денеска го соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство (AHV).
Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја.
Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. AHV нагласува дека таа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово го забрани увозот на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…
(Видео) Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен…
Пратеничката група на Левица денеска на прес-конференција…
Временска најава: Утре пороен дожд и грмежи
Утре ќе се задржи многу топло време.…
Трoјца уапсени под сомнение за планирање „насилна…
Вишото јавно обвинителство во Белград на 25…
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…