Објавено на:

Косово оди на редовни избори

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по средбата со лидерите на парламентарни политички партии во Косово изјави дека не видела политичка волја за вонредни избори, па затоа ќе се прават подготовки за редовни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата во Собранието на Косово, Османи пред новинарите изјави дека останува да се изврши анализа за датумите за кои се разговарало на оваа средба и дека наскоро ќе излезе со датум што ќе го објави на јавноста.

Според неа, на средбата немало забелешки, туку само различни преференци помеѓу датумите 26 јануари – 16 февруари 2025 година, додавајќи дека за редовните избори се зборува за четири датуми: 26 јануари, 2 февруари, 9 февруари или 16 февруари.

Одговарајќи на новинарско прашање, Османи се осврна и на неприсуството на лидерот на владејачкото Движење самоопределување, премиерот Албин Курти.

– Како што знаете, сите партии се поканети на ниво на претседатели. Потпретседателот (на ВВ, собранискиот спикер) Глаук Коњуфца изрази целосна подготвеност да дојде на средбата. Но бидејќи партиите беа само на ниво на претседавачи, ние го задржавме принципот за сите и Коњуфца се согласи со разбирање. Претседателот на ВВ денеска не беше присутен. Причините не ги знаеме, верувам дека можете директно да го прашате. Претпоставувам дека е во канцеларија.па можете да одите да го прашате, рече Османи.

Таа истакна дека имало уште две отсуства, од партијата на косовските Срби, Српска листа, која не известила ништо и од Партијата на косовските Египќани, Нова демократска инцијатива, иако нејзиниот претседастел, министерот за заедници и враќање, Елберт Красниќи претходно го потврдил учеството.

Што се однесува до вонредните избори, можноста за тоа законски сè уште постои, но за тоа се потребни 2/3 од гласовите во Собранието, додека според претседателката не се гледа расположението на политичките партии за такво нешто.

– Во случај на распуштање на собранието, терминот е многу краток. Во моментов се подготвуваме за редовни избори. Колку што видов, немаше расположение да се оди на вонредни избори. Сите ги знаеме датумите, од 26 јануари до 16 февруари. Планирањето е многу важно, затоа ќе се обидам како претседател што поскоро да го објавам датумот на изборите, рече Османи.

На средбата учествуваа претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, оној на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи и претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, Од владините коалициони партнери, присутни беа Мимоза Кусари-Лила од партијата Алтерантива и Фатон Пеци од листата „Осмели се“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…