Косово ќе склучи договор за одбрана со САД!

Владата на Косово, иако во технички мандат до избор на нов, ја одобри иницијативата за склучување на рамковниот договор за соработка во областа на одбраната со Соединетите Американски Држави.
Со договорот, двете страни се залагаат за унапредување на соработката во областа на одбраната, како што се планирањето на одбраната, стратешката одржливост и градењето стратешки воени капацитети, изјави министерот за одбрана Ејуп Маќедонци на состанокот на владата.
Тој потоа на прес-конференција ги презентираше главните точки на соработката со Соединетите Американски Држави во областа на одбраната, при што рече дека договорот предвидува продлабочување и зајакнување на соработката во областа на одбраната во соработка со САД.
„Овој договор предвидува пет точки. Планирање и управување со одбраната, така што САД ќе поддржат професионално одбранбено планирање и управување. Управување со човечки и одбранбени ресурси, изградба на стратешки воени капацитети, вклучително и противвоздушна одбрана и други области кои се обидуваме да ги изградиме во третата фаза од транзицијата“, рече Маќедонци, а пренесуваат медиумите од Косово.
Тој ја спомена и соработката насочена кон регионален и меѓународен ангажман, преку правење планови за членство во НАТО и регионални иницијативи со САД, со поддршка на САД во технички и процедурални аспекти.
Петтата точка, според Маќедонци, е поддршка во однос на имплементацијата на клучните елементи на одбраната, а тоа е стратешката одржливост.
„Тоа ќе ни помогне да постигнеме колективна стабилност надвор од армијата, меѓу граѓаните“, рече Маќедонци и ја најави идната недела регионалната одбранбена иницијатива со Албанија, која според него е прва на Западен Балкан.
Тој додаде дека во Приштина редовно плаќаат рати за ракетите Џавелин, кои очекува да пристигнат оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…