Објавено на:

Косовската влада одобри испраќање војска во Газа

t

Владата на Косово го прифати предлогот на Министерството за одбрана за испраќање припадници на Косовските безбедносни сили во Газа, со што следен чекор е прашањето да се најде пред пратениците во Собранието на Косово за разгледување и одобрување, објави „Телеграфи“.

Министерот за одбрана, Ејуп Македонци, даде детали за причините и правната основа на оваа иницијатива, нагласувајќи дека конечната одлука му припаѓа на Собранието на Косово.

Според него, Министерството за одбрана, во согласност со целите и стратешкото планирање за соработка со сојузничките земји, како и врз основа на покана добиена од Централната команда на САД на 10 декември 2025 година, ги иницирало процедурите за овој процес.

Тој соопшти дека оваа покана е поврзана со Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на Обединетите нации и со политичката волја изразена во рамките на меѓународните мировни механизми.

Македонци изјави дека постапката за можно испраќање на Косовските безбедносни сили во Газа е покрената врз основа на стратешката соработка со сојузниците, поканата од Централната команда на САД од 10 декември 2025 година, Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ОН, како и со политичката поддршка изразена во рамки на Мировниот одбор. Тој нагласи дека сега се бара Собранието на Косово да ја донесе конечната одлука, а доколку биде одобрена, ангажманот на КБС би се одвивал во рамки на обединета меѓународна команда, со цел да се поддржи поширок план за завршување на конфликтот во Газа.

Премиерот Албин Курти, пак, рече дека Косово е подготвено да учествува во меѓународна стабилизациска мисија во Газа, потсетувајќи дека владата уште на крајот на јануари 2025 година издвоила 500.000 евра хуманитарна помош за палестинското население.

Тој посочи дека на дневен ред веќе е нацрт-одлуката на Министерството за одбрана, со која се бара собраниско одобрение за испраќање припадници на КБС и додаде дека косовските безбедносни сили веќе имаат изградено реноме во операции како пребарување и спасување, деминирање и други безбедносни задачи.

Според Курти, подготвеноста на Косово да се вклучи во ваква мисија произлегува и од сопственото искуство бидејќи земјата со децении има корист од присуството на меѓународни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската влада одобри испраќање војска во Газа

Владата на Косово го прифати предлогот на…

Трамп: Дојде до целосна промена на режимот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Таки Фити: Се заканува стагфлација, потребни се…

Иако сме оддалечени повеќе од 2,5 илјади…

Стојанче ја оставал ќерката заклучена во станот…

Судскиот процес против Стојанче Јовановски продолжи со…

Иран ги нарече мировните предлози на САД…

Иран ги опиша американските предлози за прекин…